Медиумскиот гигант New York Times Company под чиј чадор работат трите големи весници Times, International Herald Tribune и Boston Globe е првата компанија од тој ранг чии приходи првенствено доаѓаат од претплатите на читателите а не од рекламите.
Приходите од реклами опаднале за 6,6 проценти и изнесуваат 220 милиони долари но затоа од претплати (и на хартиените изданија и на платените електронски верзии) приходите пораснале за 8,3% и изнесуваат 233 милиони долари.
Особен скок е забележан кај дигиталните претплати кои за само пар месеци пораснале за 50.000 нови читатели и сега половина милион луѓе се претплатени на изданијата на оваа компанија.
Иако се поскапи од електронските, расте и бројот на претплати на хартиените изданија.
Храбрата ценовна политика, пристапноста кон добри апликации за таблети и мобилни телефони како и квалитетот на самата содржина е миксот кој на Њујорк Тајмс му носи вака добри резултати, проценуваат познавачите.
Сите големи светски медиуми и натаму се во потрага да го стабилизираат својот приход во ера кога интернетот прилично ги измести традиционалните бизнис модели.
Најчесто се прибегнува кон експериментирање со дополнителни извори на приходи какви што се организирање манифестации, продажни активности, образовни и слични дигитални бизнис проекти.