Доколку примерот на Њујорк Тајмс стане парадигма во светот на новинското издаваштво (вклучувајќи го и електронското), тогаш има добра вест за редакциите и не баш толку добра за читателите. Првите ќе зависат од своите читатели а не од адвертајзерите. Вторите ќе мора да се навикнат на претплата.