Според весникот новата услуга би можела да стартува уште неделава, а во неа околу 50 (специјализирани) ЈуТјуб канали ќе бидат достапни за 1,99 долари месечно.
Првите извештаи за планот на Гугл се појавија уште минатата година, а во март потпретседателот на ЈуТјуб, Роберт Кинцл, изјави дека претплатите се "неверојатно важни" алатки за создавање на дополнителни "извори на приходи" за креаторите на содржини. Компанијата веќе го има вклучено кодот за оваа опција во Андроид апликацијата, а тие веќе инвестираа 200 милиони долари во маркетинг за промоција на оригинални ЈуТјуб содржини.
Со ова, Гугл би станал директен конкурент со Нетфликс, бидејќи освен што ќе им дозволува на сопствениците на канали да собираат пари за креирање на нови содржини, компанијата ќе почне да генерира приходи и од стари шоуа или филмови кои се достапни на сервисот.
Гугл претходно беше поврзан со стартување на нов музички сервис кон крајот на годината, за кој наводно веќе има потпишано договор со Ворнер Мјузик.