"Побрзајте, времето е ограничено! Земете ги своите најмили и дојдете да уживате во животот," гласи стандардната конструкција која ја употребиле и луѓето од агенцијата lowcostholidays.com за да промовираат ефтини аранжмани во Португалија.
Проблемот е во тоа што понудата ја илустрирале со фотографија од Медлин Меккен, девојчето кое од март 2007ма се води како изчезнато.
Случајот со тогаш 3 годишната Медлин имаше светски публицитет. Медиумите со месеци беа окупирани со сите можни детали околу нејзиното контроверзно изчезнување во кое сомнеж беше фрлен и врз нејзините родители кои ја оставиле во соба додека тие биле во ресторан.
Целиот случај и натаму е актуелен а неодамна беше објавена и фотографија како денес би можела да изгледа Медлин.
Агенцијата се извини за невкусниот фото детал но не ја призна вината бидејќи "креативата" била во рацете на интернет агрегаторот кој ја објавил нивната понуда.