Слоганот беше лансиран пред речиси три децении од адвертајзинг експертот Ден Виден кој во скорешно интервју обелодени дека ефикасната реплика е инспирирана од убиецот од Јута, Гери Гилмор, во 1977-ма година осуден за убиство на двајца луѓе.
Исправен пред стрелачкиот вод Гилмор рамнодушно а дрско порачал: "Let's do this".
11 години подоцна, Виден се сетил на оваа епизода, малку го сменил вордингот на фразата и им го понудил на Најк кои за првпат го користат во 1988-ма за спот во кој е прикажан еден 80 годишен и сè уште активен тркач.
Вели дека извршните во Најк на почетокот ја мразеле неговата идеја но таа толку се фатила добро што означила нова ера во развојот на брендот.
"Имавме дојдено до 5 различни спота од по 30 секунди. Ноќта пред да се видиме со Најк ме фати страв дека сите имаат различна порака и чувство и дека нема нешто ефикасно кое ќе ги обединува. Некои беа смешни, некои сериозни. Тогаш помислив дека мора да имаме слоган кој ќе ги спои сите тие различни чувства," изјави Виден за магазинот Дезен.
Останатото е историја.