10-те најдобри реклами на 2012.

Кои беа најубавите, најзабавните, најмоќните, најинтригантните реклами на годината. Од вкупно десет, седум се американски. Од вкупно десет, пет се на BBH и Wieden + Kennedy.

10. Carlton Draught - Beer Chase
Агенција: Clemenger BBDO, Melbourne, Australia
Режија: Steve Ayson, The Sweet Shop

Пивото има долга и добра историја на феноменални реклами. Годинешниот претставник на пивската индустрија е одличната филмска потера од 80-те снимена за Карлтон. Целата акција кулминира со спасување на главните ликови и пораката: Карлтон - направено од пиво.



9. Axe, "Susan Glenn"
Агенција: BBH, New York
Режија: Ringan Ledwidge, Rattling Stick

Рекламата е комплетно изместување од вообичаените спотови на Axe, во кои со години муштериите на брендот беа прикажувани како неодоливи магнети за магично преубави девојки. Одеднаш Axe има реклама во која се зборува за изгубената девојка. Текстот, дополнет со нарацијата на Кифер Сатрленд неповторливо ја комплетира атмосферата во видеото.



8. Procter & Gamble, "Best Job"
Агенција: Wieden + Kennedy, Portland, Ore.
Режија: Alejandro Gonzalez Inarritu

Кога прв пат ја изгледавме, рекламава целосно нè порази. Што и не е толку тешко кога ќе видиш дека во неа се величаат мајките. И покрај тоа што видеото те носи од еден континент на друг, од еден дом во друг, на крај сепак секоја сцена прославува една единствена врска која на многу млади Олимпијци им помогнала да ги остварат своите соништа.



7. Chrysler, "It's Halftime in America"
Агенција: Wieden + Kennedy, Portland, Ore.
Режија: David Gordon Green, Chelsea Pictures

Ретко која реклама успеала да ја стопира забавата на Супер Боул и барем на кратко да го сврти вниманието на проблем. Овој пат проблем имаше Америка, а гласот кој ја повика Америка да најде инспирација во Детроит а не разочарување, беше Клинт Иствуд.



6. Red Bull, "Red Bull Stratos"
Partners: Riedel Communications, FlightLine Films

Ова не беше толку реклама, колку неколкумесечно комплетно лудило и заразеност на целиот свет со подвигот на Баумгартнер. Дали ќе успее да се качи и откако ќе се качи што правиме за надолу. За нивна среќа, се заврши како што треба.



5. Old Milwaukee, "Field Cut Off"
Режија: Jake Szymanski
Продукција: Gifted Youth

Конкретниов спот се емитуваше за време на Супер Боул и тоа само во еден единствен град во САД - Норт Плејт, Небраска, вториот најмал ТВ пазар во земјата. Неколку месеци претходно Вил Фарел се појави во дузина ТВ реклами за пивото Old Milwaukee, на најразлични локации низ Средниот Запад. Сега повторно се врати во видеото кое треба да биде врвот на брилијантната кампања. Спотот беше прекрасно глупав. Цената за емитување на спотот во градот со публика од 25.000 луѓе изнесуваше само 1.500 долари, но и покрај тоа со огромна разлика владееше по бројот на коментари и твитови.



4. DirecTV, "Charlie Sheen"
Агенција: Grey, New York
Режија: Tom Kuntz, MJZ

Опасноста во гледањето кабелска телевизија е дека може да завршиш во дневна со Чарли Шин. Ова е само едно од видеата на кампањата на DirecTV за опасностите од имање кабелска.



3. Wideroe Airlines, "Grandpa's Magic Trick"
Агенција: McCann, Norway
Режија: Marius Holst,

Видеото се гледа заради идиличноста на двата лика. Мирна, едноставна и убава, рекламата треба да ја престави и редовноста на авио-компанијата Wideroe низ руралните делови на Норвешка.



2. Nike, "Jogger"
Агенција: Wieden + Kennedy, Portland, Ore.
Режија: Lance Acord, Park Pictures

Најк годинава не беше официјален спонзор на Олимпијадата, и пак успеа комплетно да го привлече вниманието кон себе. Прво беше рекламата со Лондон 2012, во која ги најде сите места низ светот кои се викаат Лондон, а потоа со 12 годишниот Нејтан Сорел, кој стана најневеројатната ТВ ѕвезда на летото. Додека полека џогира кон камерата, во позадина оди: "Величественоста е нешто што ние го измисливме. Некако почнавме да веруваме дека величественоста е подарок само за неколкуте избрани. За талентираните. За супер ѕвездите. А остатокот од нас можат само да стојат на страна и да гледаат. Можете да заборавите на тоа. Величественоста не е некоја ретка ДНК нишка. Не е некој бесценета работа. Величественоста не е ништо поуникатна за нас од дишењето. Ние сме способни за неа. Сите ние." Без разлика колку е манипулативна рекламата, таа ја постигна својата цел и повторно за време на најголемиот спортски настан сите зборуваа за Најк, без да потроши милиони долари на спонзорство.



1. The Guardian, "Three Little Pigs"
Агенција: BBH, London
Режија: Ringan Ledwidge, Rattling Stick

Видеото ја преправа бајката за Трите прасиња во модерна новинска сторија. Приказната почнува со смртта на лошиот волк, за која главни осомничени се трите прасиња. Цела Британија е ужасната од случајот. Меѓутоа има повеќе не одговорени прашања. Дали прасињата само го бранеле имотот? Како можел волкот кој боледува од асма да ги дувне двете куќи? Може прасињата доцнеле со плаќањето на хипотеката, па го наместиле волкот за да ги соберат парите. Новинарите на Гардијан ја бркаат приказната на сите можни начини. Во центарот на приказната е Гардијан кој се обидува да ја покаже релевантноста и потребата од весници во 21-от век.