Процените на Зенит (направени пред сите драми со Фејсбук), покажуваат дека потрошувачката на реклами на социјални медиуми годинава се очекува да порасне на 21% и да изнесува 58 милијарди долари, додека потрошувачка на видео рекламите ќе се зголеми на 19% и ќе изнесува 32 милијарди долари.
Рекламите на резултати од пребарување, како оние на Гугл, и понатаму ја имаат водечката позиција со 42% од вкупното трошење, и годинава се очекува да достигнат 95 милијарди долари.
Речиси целиот раст од онлајн рекламирањето доаѓа од мобилните уреди, чиј удел се зголеми за 25% и изнесува 60% од вкупната потрошувачка на он-лајн реклами. Во однос на сите можни категории (весници, билборди, радио...) на мобилни уреди одат 24% од сите пари за рекламирање.
Очекувањата на Зенит се дека годинава вкупната потрошувачка на реклами ќе се зголеми за 5% и ќе изнесува 579 милијарди долари.