Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

До 2030 Полска ќе има повеќе тенкови од Британија, Германија, Франција и Италија - заедно

4 август 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Четирите наведени земји вкупно имаат 950 тенкови. Само две европски членки на НАТО - Турција и Грција, ќе имаат повеќе тенкови од Полска откако ќе се потпише нејзиниот најнов договор со Јужна Кореја.
  • Полска од САД има купено тенкови Абрамс, лансери ХИМАРС, системи за противракетна заштита Патриот... На почетокот на годинава, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја нарече Полска „сојузник за пример.“
  • Од Јужна Кореја купуваат 180 тенкови К2 а договорот вреди преку 6 милијарди долари.
  • Полска за НАТО моментално издвојува 4,7 проценти од својот БДП што е најголем удел меѓу земјите членки. 
извор

Како правилно се пишува: Тетово или Техеран?

26 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Во среда и сабота само жени може да се капат во градскиот базен во Тетово. Термините се од 08:30 до 12:00 часот.
  • „Тие термини се предвидени базенот да го користат само жени и девојки бидејќи не сакале да има мешање со мажи на базенот. Тоа е направено според барање на граѓаните односно граѓанките од Тетово“, изјави Назми Даути, раководител на секторот за Јавни дејности на Општина Тетово.
  • Покриениот базен во Тетово почна да се гради во 2021-та година а во 2021-ва во употреба го пушти тогашната градоначалничка Теута Арифи. 

* Оваа содржина можат да ја читаат само жени во петок и недела од 8 до 10 часот наутро.

извор

Фаучи повикан да сведочи пред Сенатот за прикривање факти за ковид

25 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Докторот Ентони Фаучи е повикан повторно да сведочи пред Сенатот на САД за обвинувањата дека влијаел врз извештаи за потеклото на пандемијата на ковид и за финансирањето на истражувања за „стекнување функции“ кај вируси.
  • Комисијата за безбедност на Сенатот сака да утврди дали Фаучи го довел во заблуда Конгресот за време на претходните сведочења кога негираше дека американскиот Национален институт за здравје (NIH) финансирал ризични истражувања на Институтот за вирологија во Вухан.
  • Сенаторот Ренд Пол објави дека Фаучи ја одбил поканата доброволно да се појави пред Комисијата. Ако сега одбие, може да биде приведен.
  • Документи што неодамна ги објави шефицата на националното разузнавање Тулси Габард укажуваат дека Фаучи влијаел врз проценките на американските агенции во врска со потеклото на вирусот.
  • Поранешниот службеник на ЦИА, Џејмс Ердман, сведочеше под заклетва пред Конгресот дека Фаучи намерно препорачувал научници што го поддржуваат неговиот наратив дека вирусот SARS-CoV-2 се проширил по природен пат, а не од лабораторија.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Разно
2

Како правилно се пишува: Тетово или Техеран?

3

Кавадарци да намали со ракијата

Македонштина
4

Скенер каков што досега немало

Технологија
5

Мицкоски да не добива идеи за „Трпе“ и “Трајче“

Балканштина
6

До кога вака бе дечки?

Разно
7

Читачки ризици

Балканштина
8

Kој користи јавно WI-FI е без памет

1

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Разно
2

Како правилно се пишува: Тетово или Техеран?

3

Скенер каков што досега немало

Технологија
4

Kој користи јавно WI-FI е без памет

5

Гугл предупредил луѓе за земјотресот во Венецуела

Технологија
6

Германија регрутирала едвај 530 доброволци за воена служба

7

Фудбалерите ги преминаа сите граници

Занимливости
8

Крајот на трансатлантизмот

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Балкански капитализам

Балканштина

Читачки ризици

Балканштина

Мицкоски да не добива идеи за „Трпе“ и “Трајче“

Македонштина

Кавадарци да намали со ракијата

Балканштина

Одиме до крај

Македонштина

Камај

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Разликата меѓу Лула и Стево

Не сме сите истрауматизирани од едно фаќање за колено

Блазе си им, бе

Вера Јоциќ, некогаш и денес

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy