Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Во средата наутро, неколку часа откако кандидатите поддржани од Трамп го признаа поразот на изборите, акциите на Trump Media & Technology Group (TMTG) паднаа на рекорден минимум од 5,23 долари.

Во четвртокот, акциите изгубија уште 10% од вредноста и привремено се спуштија и под границата од 4 долари. Тоа е катастрофален пад во споредба со вредноста на акциите од 80 долари забележана во март 2024 година, кратко време откако компанијата излезе на берзата.

Откако стана јасно дека копијата на „Твитер“ не може да освои значителен пазарен удел, „Tрамп Медиа“ се обиде да се префрли на пазари за предвидувања и создавање резерви во биткоини, а годинава се спои дури и со фирма што развива проект за нуклеарна фузија.

Ниту еден проект не донесе напредок, за што говорат и катастрофалните финансиски резултати - TMTG пријави загуба од 238 милиони долари и приход од под 2 милиони долари.

Овој биланс се толкува како силен показател дека овој деловниот потфат е повеќе одраз на популарноста на Трамп отколку одржлив бизнис. На последното истражување, спроведено пред поразот на изборите, рејтингот на одобрување на Трамп беше само 33%.

Трамп не е значително финансиски погоден од катастрофата на TMGT, бидејќи во меѓувреме ги продаде повеќето од своите акции. Во март 2024 година, кога вкупната пазарна вредност на компанијата беше проценета на 8 милијарди долари, мнозинскиот удел на Трамп беше 6 милијарди долари. Денес, вкупниот износ на готовина, инвестиции и сметки во криптовалути на TMGT е проценет на 1,65 милијарди долари, а уделот на Трамп е 500 милиони.

Но, повеќето од неговите најлојални финансиери, кои прифатија да вложуваат и покрај огромните загуби, се чувствуваат разочарани и измамени. 

Трамп медија премногу се оддалечи од својата наводна мисија: промовирање на слободата на говорот. Раните акционери постапија правилно. Поразително е сознанието дека Трамп не е каков што го сметавме, Чад Недохин, инвеститор и инженер во енергетската индустрија.

******
Види и: Трамп почна да ги продава своите изјави

Трамп се фали: Заработив стотици милијарди за доброто на нашата земја

6 ноември 2026 - 12:50