„Блумберг“ и фирмите за високофреквентно тргување „Сасквехана“ и „Џамп Трејдинг“ се првите што се регистрираа за платената услуга API за побрз пристап до објавите на претседателот на САД. Клиентите ќе плаќаат од 60.000 до 100.000 долари месечно за да ги добиваат објавите со временска предност од приближно 50 милисекунди.
API е програмски интерфејс што се користи како дигитален мост за поврзување на системи. Добивањето важна информација 50 милисекунди порано има потенцијал да создаде осцилации на финансиските пазари и да им даде на трговците од Волстрит предност каква што не е достапна за обичните инвеститори.
Во случајот на Трамп тоа е особено важно, бидејќи некои негови објави на Truth Social веќе предизвикаа потреси на пазарите и профит од трговија со нафта и акции.
И оваа продажба, како и многу други зделки на Трамп во неговиот втор мандат, покрена правни и етички прашања за судир на интереси, бидејќи тој е првиот актуелен претседател што дава привилегиран пристап до своите изјави, а од тоа вади личен профит. Семејниот фонд на Трамп поседува 41% од „Трамп Медиа“ и тој е единствениот корисник.
Trump Media and Technology Group понуди претплата на услугите во јули. Еден месец подоцна, организацијата Intercept Media и Фондацијата за слобода на печатот го тужеа Трамп поради тоа што Белата куќа објавува државни политики на неговата социјална мрежа.
Поставувањето финансиска бариера за владини информации може да е неуставно и им оди во прилог на богатите фирми од Волстрит, се наведува во тужбата, која сè уште е активна.
Компанијата на Трамп одговара дека едноставно нуди индустриски стандарден API производ за кој има значителна побарувачка низ индустриите.
******
Види и: Трамп се фали: Заработив стотици милијарди за доброто на нашата земја