Трамп се фали: Заработив стотици милијарди за доброто на нашата земја

Во канонадата од десетици инфантилни фалби на својата социјална мрежа, што е претерано многу дури и за неговите стандарди, Трамп се пофали дека како претседател заработил „стотици милијарди долари“ од акции. Но, тоа демек не го прави за сопствена корист, туку за „доброто на нацијата“. Штом толку агресивно објавува, веројатно има и такви што му веруваат.

Трамп во неделата се надмина себе си со објавувања мимови и слики генерирани со вештачка интелигенција на својот профил на мрежата Truth Social – точно 60 за време од 10 часа и 41 минута.

Во една од најбизарните објави, а сите му се бизарни, се фали со личното богатство што го стекнал како претседател – работа што секој шеф на држава, па и обичен функционер, настојува да ја прикрие за да не биде обвинет за злоупотреба на позицијата.

Ова го правам за нашата земја, а не за себе. Заработив стотици милијарди долари од акции и многу други видови вложувања – за САД, а не за себе – а единственото што го добивам се критики од радикално левите глупави демократи. Многу неправедно, но што да се прави!“, објави Трамп.

На сликата генерирана со ВИ над пораката тој се прикажува како тргува со акции од Белата куќа, додека на мониторите се гледа како вредноста на акциите на Intel вртоглаво расте од 20 на 95 долари.

Гигантот за производство на чипови не е случајно на сликата, со оглед на тоа што инвестициските фондови на семејството на Трамп во неколку наврати оваа година купуваа акции од овој производител на чипови, иако неговата администрација поседува удел од 10% во компанијата. 

Претседателот ги повика Американците да купуваат и акции во Dell. Откако основачот на оваа компанија за компјутери, Мајкл Дел, му помогна на претседателот да ги лансира своите „Трамп сметки“, вредноста на акциите на Dell е зголемена за повеќе од 300% од почетокот на годината.

Најновиот извештај за финансиската состојба на Трамп покажува дека тој лично заработил најмалку 2,2 милијарди долари во 2025 година. Сметките на претседателот имаат реализирано илјадници трансакции со акции, иако Белата куќа тврди дека тие се управувани независно од претседателот.

Другите објави се многу позабегани. Трамп се прикажува како мрачен суперхерој...

...како историски лик на кој му се восхитуваат татковците на американската нација...

...или како го уништува Иран – буквално, со токмак или проектили.

 

10 септември 2026 - 08:13