Таг: телевизија

Готвење, лотарија и реални шоу програми: телевизијата во време на нацизмот

Службената историја вели дека јавното емитирање на ТВ програмата започнало во средината на триесетите на минатиот век, некако истовремено во Велика Британија и Германија, а потоа и во СССР и САД. Но тоа не е баш најточна одредница - по експерименталното пуштање на сингалот во 1934, првиот јавен ТВ сервис започнал со работа во март 1935 во Германија. Претседател на владата тогаш бил - Хитлер.

Oд „тикери“ до „Хоумленд“: како се смени телевизијата по 9/11

Списокот на начините на кои Америка, но и голем дел од светот, се промени по терористичките напади на кулите-близначки на 11 септември е долг. Меѓу нив е и влијанието кој овој трагичен настан од пред 20 години го имаше врз телевизијата.

Деценијата кога Јутјуб ја промени (уништи) телевизијата

Почна со видеа со мачки, стана алтернатива на телевизијата, а во следната итерација се очекува дека ќе се врати како исполирано, корпоративно изедначено воскресение на телевизијата.

Крајот на Игра на тронови покажа колку никој не гледа телевизија

Да, 6-та епизода од последната сезона на Троновите ги собра пофалбите дека е нешто најгледано на телевизија на сите времиња, ама тоа „нај“ е идентично на сите други „нај“ што луѓе се научија да ги расфрлаат во секоја пригода - не е баш нај. Во споредба која кај секој директор на телевизија предизвикува кошмари од изгубените неброени легии публика, финалето на ГОТ не е ни во топ 10, ни па во топ 15 најгледани.

Потеклото на „не седи блиску до телевизорот, ќе ти порасне главата“

Муабетот сите го знаеме (вие со понова година на производство веројатно не) и сите безуспешно сме се обидувале да го оспориме или во немоќ барем да го исмееме, ама телевизорите навистина се радиоактивни или барем биле на времето.

Како во Полска спремаат студио за Лига на шампиони

Пример како треба да изгледа едно студио во кое ќе се пренесуваат, коментираат и анализираат натпреварите од Лига на шампиони кои почнуваат во вторник и среда. Polsat Sport TV дами и господа:

Пред мониторите на допир: емисијата која ги охрабрувала децата да цртаат на ТВ екраните

Веќе има генерации кои мислат дека екраните отсекогаш реагирале на допир и дека тоа е „нормалниот“ начин на нивно функционирање. Иако тоа секако не е така, едно американско шоу од 1953 како да ја навестувало денешната технологија на дигитално цртање.

Тука имаат дури 7 ТВ програми, тоа веќе станува дрога за гледачите

Ако некаде во светот телевизијата со опсегот на програми, техничка опрема и финансиски можности стана сила во општеството, дрога за гледачите и општа преокупација на нацијата, тогаш тоа сигурно е САД. Но сепак се сомневам дека на кое било друго место критиката на телевизијата е толку остра и незадоволна, беспоштедна и - немоќна. Американецот (статистички просек) минува третина од денот пред телевизија.

Буџет се од корен корнеше, телевизија се од реклами делеше

Годинава на закупување реклами на интернет ќе бидат потрошени 40 милијарди долари повеќе отколку на закупување реклами на телевизија. 2017 беше прва година во историјата кога на интернет беа потрошени повеќе пари на реклами отколку на телевизија. Прва година во светот.

ТВ водител и џентлмен

Сајмон Меккој е спикер на вести кој од 2004 е во Бибиси, а пред тоа уште 16 години работи на британските медиуми. По сите овие децении кариера на ТВ, доаѓа лето 2017, новински неподнослива досада од која не може да се избега како од скопски 30 степени пред полноќ, ама и тоа мора да се истера. Сите џомби од редакција веројатно му се на одмор, па вестите му ги спрема новата постава неповратно заразена со интернет вредности како - кучиња на даски за сурфање. Не со мерак, ама и тоа ќе го истера.

Европа: Нетфликс мора да пушта наши филмови

Европските каталози на дигиталните платфотми како што се Нетфликс и Амазон ќе мора да имаат минимум 20% содржина од европско производство, реши Европската комисија.

А ова е твојот мозок на телевизија

Тоа што 20-тите години ги минувате во претерано гледање телевизија (граница која научно е сигурно многу пониска од она што ти мислиш), на 40 години ќе почне да ви се одразува на мозокот.

Ова се вашите вести од економијата

Нивниот проблем е што сите новински репортажи на вести им изгледаат идентично, со востановени ТВ трикови, графики и пози. Нашиот проблем е што се стремиме да го имаме нивниот проблем и никако не успеваме.

„Фејк офф": нова телевизиска уметничка форма

Неодамна пишувавме за интересна интерактивна француска серија, како и за бизарно германско реално шоу. Телевизијата како медиум очигледно почнува да станува интересно поле за креација. Таков е и еден ТВ жанр во зародиш, кој заради некоја причина е наречен „фејкување".