Крајот на Игра на тронови покажа колку никој не гледа телевизија

Да, 6-та епизода од последната сезона на Троновите ги собра пофалбите дека е нешто најгледано на телевизија на сите времиња, ама тоа „нај“ е идентично на сите други „нај“ што луѓе се научија да ги расфрлаат во секоја пригода - не е баш нај. Во споредба која кај секој директор на телевизија предизвикува кошмари од изгубените неброени легии публика, финалето на ГОТ не е ни во топ 10, ни па во топ 15 најгледани.

Бројките се за САД, и нормално дека серијата се потепа од правење пари и дека ХБО со години ќе жнее пари од нејзе, но тоа не прави разлика во крајните бројки како чиста топ листа без многу амандмани. Според нејзе финалето на ГОТ го излгедаа 14 милиони луѓе помалку отколку на пример финалето на Далас или дупло помалку отколку последната епизода од Козби шоу.

23 мај 2019 - 09:46