Иако ретко на кој му порасна главата од седење пред телевизор, стравот од истото има сериозна основа во телевизори во боја произведени од ГЕ кои во 1960-те се продаваат во САД и за кои тестирањата покажале дека шират радијација „далеку над посакуваните нивоа“.
Првично радијацијата се смета дека доаѓа од еден модел, за потоа да се докаже дека телевизорите од речиси сите американски производители го имаат истиот проблем.
Сето ова завршува со конгресно сослушување на првите луѓе на производителите, а здравствените власти на САД даваат насоки дека зрачењето не преставува здравствен проблем доколку се гледа од далеку или во „нормални гледачки услови“. Под „нормални“ се подразбира да се гледа од оддалеченост од најмалку 180 сантиметри од екранот, и да се избегнува „подолга изложеност на страните, задниот или долниот дел од телевизорот“.
На сопствениците исто така им се препорачува и да не ги отвораат и чепкаат телевизорите од внатре за да избегнат контакт со радијацијата.
Самиот термин радијација во комбинација се што тогаш се знае за нејзе благодарејќи на општиот страв од нуклеарна војна што преовладува во тој период ја бетонира паниката околу зрачењето и опасноста од гледање телевизија многу и од блиску.
Со тек на време реалната опасност од зрачење се намалува благодарејќи на новите стандарди за производство и новите материјали кои се користат, но тоа не значи дека престанува потрагата по следниот апарат за домаќинство кој би бил потенцијален извор на радијација - пример, микробранови печки. Денес борбата е околу зрачењето на мобилните, без разлика дали тоа бил екранот или антената.