видео

Последната книжарница

Во некоја неодредена, книжевно пост-апокалиптична иднина, книги веќе не постојат. Ни на хартија, ни електронски. Тогаш едно дете открива што значи да читаш, и самиот дa замислуваш и чувствуваш.

После детална „археологија" на полиците на последната книжарница на која наидува, како прв нејзин посетител после 25 години, 2 месеци и 5 дена, детето влегува во светот на славните книжевни јунаци и нивните авантури. Но на крајот прави една голема грешка.

Погледнето го филмчево. Тажно е, ама пак некако грее.

Продуцирано од The Bakery, снимено во југо-источна Англија во 2011, сценарио Ричард Дад.

18 април 2013 - 08:54