Мала книжарница во Токио има необичен пристап кон овој проблем. „Мориока Шотен", лоцирана во луксузниот шопинг кварт Гинза се состои од само една соба и - од една книга.
Продавницата, чиј сопственик е искусниот книжар Јошијуки Мориока, е отворена во мај, и во неа во одреден момент има одреден број копии од само еден наслов, кој се менува неделно. До сега на овој начин, меѓу другите, е продавана книгата „Вистински измамник" на финскиот писател Тове Јансон, како и бајките на Ханс Кристијан Андерсен.
„Пред да отвориме во Гинза водев друга книжарница 10 години. Таму на залиха имав околу 200 книги, и организирав неколку промоции годишно. Во текот на тие настани голем број луѓе влегуваа во книжарницата само за да купат една единствена книга. Тогаш сфатив дека таа може да работи и на овој принцип", вели Мориока.
Паралелно со продажбата на таа една книга се одвива и изложба посветена на темата на којашто таа се однесува. Така, кога се продава книга за цвеќиња во продавницата се изложуваат некои од цвеќињата за кои станува збор. Истовремено, авторите и уредниците се замолуваат да минат колку што е можно повеќе време во книжарницата, па така дводимензионалната книга да се претстави во тродимензионален амбиент и искуство.
До сега Мориока на овој начин има продадено 2,100 книги, што според него е успех, кој покажува дека и покрај тоа што моменталниот книжевен пазар изгледа како да ги фаворизира е-книгите, вниманието кое им се посветува на кон оние физичките е прилично големо, особено доколку тие се поврзани и со други сетилни искуства, како што е престојот во ваква книжарница.