Фудбалерите на Египет беа тврд орев за Уругвај во вториот меч од првото коло во групата А, а и покрај поразот од 1:0, голманот на Египет беше прогласен за најдобар поединец на мечот.
Атланта играше против Сан Диего во регуларниот дел од MLB. Во петтиот ининг ндер Инкиарте од Атланта ја удри топката толку силно што таа заврши во чаша пиво на трибини кај навивачка на Сан Диего, Габи ДиМарко.
Нема причина зошто кој било бренд на пиво би одбил вакво злато од реклама, ама таков е животот и не му е гајле за твоето имање или немање причина па оваа реклама не успева да мине кај „клиентот“ и останува само на Јутјуб.
Сите германски спортисти во Пјонгчанг пијат безалкохолно пиво после тренинзите и натпреварите. Германија до денес освои 24 медали на Зимските Олимписки Игри од кои 12 се златни.
Вчера, 31.10, се одбележаа 500 години откако еден опскурен саксонски монах ја трансформираше Европа. Но протестантската реформација на Мартин Лутер сепак не го промени само начинот на кој голем број луѓе го слават Бога, туку и начинот на којшто дотогаш се пиело.
Се вика Оливер Струмпфел и минатата недела го сруши рекорд во носење кригли, што сам го постави во 2014. По ново, рекордот е 29 полни кригли со вкупна тежина - 69 килограми.
Како резултат на договорот за спонзорство меѓу Гамбриниус, едно од најпознатите чешки пива и фудбалскиот клуб Викторија Плзен, спонзорот решил да постави нови, модерни клупи за резервни играчи кои имаат 14 места.
Кога се работи за вашето физичко здравје и спиритуална исполнетост, секогаш сме тука да ви помогнеме. Овојпат за еден нов вид јога која чини 5-7 долари од час. Што добивате за тие пари? Две пива!
Нов рекордер во Европа по бројот на последователни победи доаѓа од Шкотска. Тимот Ист Килбрајд остварил 27 триумфи по ред и го сруши рекордот на Ајакс од сезоната 1971/72 година.
Бад лајт се појавува во 1981, до 1990 продажбата на лајт-пива изнесува 28% од вкупната продажба на пиво. Изминативе години, лајт-пивата зафаќаат седум места на списокот на десетте најпродавани пива во САД.
Алкохолот и поезијата кај Буковски одат (или подобро - се тетерават) рака под рака како патлиџан и босилек, варено јајце и к'цана сол, колбаси и пивце. A кога сме веќе кај пивце.
Кога ќе се спомне одбележување на јубилеј на нешто германско што има врска со чистотата, духовите од минатото веднаш ви ја ежат кожата. Но, олабавете се, од ова може само да се подригне.
Анонимниот напаѓач Тери Дод од англискиот нисколигаш Хоршам промаши чист гол, а потоа се изгреба пиво. Оладување е заслужено, неговиот тим победи 11:1, а Тери постигна хет-трик и со 30 голови оваа сезона го сруши рекордот на тимот стар 44 години.
Едно откритие вели дека пивото може да ја подобри играта на фудбалерите. Тогаш лекарскиот тим на македонската фудбалска репрезентација нека го воведе како задолжително, ама не по една гајба на човек.
Од почетоците на земјоделството до современото производство на пиво, оваа книга чие објавување се планира за октомври, покрива цели 9000 години историја на пијалокот на којшто се насладуваме додека ги пишуваме овие редови (добро де, радлерче).
Можеби не е баш соодветно да се каже дека Бенедикта е „бенд“, затоа што се состои од 18 монаси, од манастирот Св. Бенедикт во централна Италија. Нивниот нов албум „Напеви од Норча" веќе е хит, а најдобро легнува доколку се слуша пиејќи го пивото коешто самите го произведуваат.
Како награда за победата во финалето на Лига Европа, спонзорот на Севиља пиварата Крузкампо го одржа ветувањето и им подари на сите фудбалери пиво колку што се тешки.
Насловот звучи премногу лесно и проектот како таков веројатно го остварувате неколку пати неделно, ама не збориме за тоа. Идејата е ладно пиво во секое време, без фрижидери, струја, кабли и слични потребштини. Се што ви треба е дупка во двор.