Пивската јога е патувачки курс со база во Берлин кој, како што сугерира името, ја комбинира класичната јога и пиењето пиво „креирајќи ново возбудливо искуство“.
Основачката се вика Џула и идејата ја добила од некои ушикани типови кои ова го правеле на фестивалот Burning Man по што веројатно ѝ се отвориле чакрите дека тоа може и да се наплаќа а таа да се прогласи за инструкторка тоест гуру.
Курсевите започнале само на германски (Prost!) но сега ги има и на аглиски (Cheers!) а во моментов пивската јога е на турнеја низа Австралија. Следбеници на оваа спиритуална вештина се бараат и по фестивали, барови и забави.
Еден час чини меѓу 5 до 7 долари за што добивате инструкции и две пива по што ги пробувате традиционалните јога пози додека балансирате и - пиете пиво.
Тоа некогаш личи како просветлено спокојно пиење во угодна тишина кога сте опкружени со најблиските другари со кои не ви пречи што немате што да си кажете, а некогаш личи на онаа ситуација кога цела околина ви вика дека сте дрво пијани а вие решавате да им покажете дека супер се држите и уствари можете уште.
Намасте: