Шкотскиот петтолигаш доаѓа од град со 80-ина илијади жители. Ист Килбрајд вчера славел 3:1 против БСЦ Глазгов и на тој начин го срушил досегашниот рекорд на Ајакс од Амстердам кој во 1972. ја завршил сезоната со 26 победи по ред.
Со оглед на тоа што рекордот на Ист Килбрајд доаѓа од петта лига нема да заврши во Гинисовата книга на рекорди, но Холанѓаните решија да им честитаат на неверојатниот подвиг.
Од Ајакс, по залагање на новиот технички директор Едвин ван дер Сар им стигнало комбе со 27 гајби пива и две шишиња скапоцен шампањ како подарок од Амстердам.
„Ова е најголемиот успех во историјата на клубот. Ова е и мој најголем успех. Да го срушиш рекордот на Јохан Кројф и Ајакс? Неверојатно“, изјави Мартин Лаухлан поранешен шкотски фудбалер кој од сезонава е тренер на клубот Ист Килибрид.
Edwin Van Der Sar video presentation to @officialEKFC! Can not believe this! 😂 pic.twitter.com/bXV5AfOJtv
— Paul Thomson (@PaulThomsonEK) November 5, 2016
Нема да ги има во Гинисовата книга на рекорд, но тие се воодушевени од фактот што сега цела Европа знае за нив.
„Што и да каже Гинис, ние сме рекордери. И во големиот Ајакс сега знаат за нас“, велат фудбалерите од шкотскиот град во кој долго време се славел овој успех.
So @officialEKFC got the 27th consecutive win they wanted!
— Kenny Crawford (@KCrawfordBBC) November 5, 2016
Here's the moment it happened! pic.twitter.com/ppg9HChQnE
Прилогот на Ајакс ТВ кој во живо го следел натпреварот во Шкотска: