Напаѓачот на Емполи, Масимо Макароне пред два месеци даде гол против Болоња, се стрча кај резервната клупа и се напи голтка пиво. Начин на радување кој е ретко виден кај фудбалерите. Потоа на истиот меч Макароне постигна уште еден гол за конечни 2:3 за Емполи.
По двата гола на 36 годишниот напаѓач се испостави дека пивото може да го подобри перформансот на фудбалерите. Тоа го тврди лекарот и нутриционист Лука Џатески кој е дел од медицинскиот тим на фудбалската репрезентација на Италија.
„Пивото е најкомплетен пијалок од било кој друг енергетски пијалак. Настрана тие што не веруваат, овој пијалак има позитивен ефект благодарение на помалиот износ на шеќер, а поголемиот износ на магнезиум, фосфор, калциум и Б витамин и треба да се пие во помали количини“.
„Пивото може слободно да се најде на менито на фудбалерите и кога одат на припреми. За фудбалерите или општо спортистите најпрепорачливи се пивата кои се домашни и имаат малку алкохол бидејќи имаат иста вредност како сок од портокал. Само да не надминуваат повеќе од 3 или 4 проценти алкохол“.
Доктор Џатески препорачува пиво и за жените кои се занимаваат со спорт.
„Ефектот од пивото кај жените може да служи како лек. Поголема предност пред се имаат жените спортистки. Некои истражувања покажа дека тие играат подобро ден откако ќе се напијат пиво. Истражувањето кое го објави „International Journal of Sport Nutrition“ покажа дека рехидратацијата со пиво и вода не е помала од онаа само со вода“, вели лекарот од селекцијата на Италија.
Џатески се разбира нагласува дека со пивото не треба да се претерува, а ние нагласуваме дека оваа вест треба да ја прочитаат што повеќе македонски фудбалери кои издишуваат во второ полувреме.