Оченаш ѝ е добро познат на македонската јавност од пријателскиот натпревар против Чешка во јуни 2024 година, кој Македонија го загуби со 2-1.
На тој меч досуди два спорни пенали за домаќините. Вториот пенал беше досуден во судиското продолжение, кое треаеше повеќе од 9 минути.
На Оченаш во Глазгов ќе му помагаат сонародниците Адем Јекел и Тобиаш Пачак, додека четврти судија ќе биде Борис Марфетка. Во ВАР-собата ќе бидат задолжени Австријците Алан Кијас и Хералд Лехнер.
Дуелот од Б-лигата на Лигата на нации се игра во петок со почеток во 20:45 на „Хемпден Парк“ во Глазгов.