До крајот на трета четвртина останале уште сè на сè 0,4 секунди а тој успешно го реализирал првото слободно фрлање да го намали резултатот 74-76. Ама изгледа мислел дека е крај на мечот.
Наместо да проба да го погоди и второто пред почеток на четврта четвртина тој решил намерно да го промаши односно да го погоди предниот обрач со надеж дека ќе ја фати одбиената топка и ќе поентира по офанзивен скок.
ליגת האלופות של פיב"א אאוט אוף קונטקסט https://t.co/6BKf1mJLhU
— Dror Fisher (@DrorFisher) November 10, 2026
На крај германска Вехта победила 85-90 за прв триумф во сезоната после три порази. Натпреварот се играл во бугарскиот град Самоков каде Хапоел Холон и други израелски екипи ги играат своите натпревари како домаќини.