Македонија во ОН гласаше ПРОТИВ осуда на нацизмот
11 ноември 2026
- Македонија беше меѓу 53-те членки на Генералното собрание на ОН што гласаа против резолуцијата за борба против величање на нацизмот и неонацизмот.
- Резолуцијата беше усвоена со гласови на 117 земји, а 9 беа воздржани.
- Русија поднесува резолуција со ист текст уште од 2025 година.
- Македонија со години беше воздржана, но веќе пет години гласа против, приклучувајќи се кон заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и сојузниците од НАТО, кои сметаат дека текстот е „политички злоупотребен од Москва“.
- Резолуцијата остро ги осудува инцидентите поврзани со глорификацијата и пропагандата на нацизмот, ги поздравува напорите за зачувување на историската вистина, препорачува мерки за спречување на негирањето на злосторствата против човештвото и спречување на ревизионизмот од Втората светска војна и го осудува образовниот материјал што промовира расизам или омраза.