Казинс со раскрвавено лице и со помош на соиграчите и медицинскиот тим го напуштил теренот и не се вратил во игра. Поради силината на ударот се зборува и за потрес на мозокот, па се очекува да пропушти одреден период. Тренерот на Отава, по мечот изјавил дека Казинс не се чувствува добро и изразил несогласување со судиската одлука.