Таг: пиво

Чувствителниот тренер ги почести навивачите пиво

И да навивате за четвртолигаш кој е на дното на табелата кој може да испадне еден ранг подолу, во Англија има мала утеха, а за тоа се погрижува тренерот.

Диета: Октоберфест

Надвор од вообичаените принципи за смислување режим на исхрана кој ќе ја намали тежината, човек од Минесота сосема елегантно си ја поправа линијата така што секој октомври е исклучиво на пиво и кобасици.

Рокенрол гранапџии

Пиво, вино и други начини на кои рокерите ги одржуваат своите приходи откако престанаа да продаваат музика.

Луѓето со диплома за пиво

Како што секој скап ресторан (низ свет) има сомелиер, експерт за вино кој ќе ви каже кое вино најдобро за со вашиот оброк, наскоро ќе може да има и цицерон, исто како сомелиер ама на тема пиво.

Пивскиот стомак е мит

Општоприфатениот став за пивскиот стомак - дека пивото некако успева да го таргетира само стомакот - воопшто не одговара со медицинската наука.

Како пивото ни даде цивилизација

Токму инстинктите кои нè одржале како вид и кои на почетокот ни помогнале да се одвоиме од останатите животни, се истите кои по некое време почнале да го гушат нашиот напредок. Тогаш ни требало нешто што ќе го скрши постојниот код и ќе ни помогне да напредуваме. Ни требало пиво.

Пријателите се познаваат пред лихварите

Другар ти се јавува во 3 часот наутро затоа што му требаат 300 евра, бидејќи изгубил на покер и мора парите одма да им ги даде на лихвари. Дали ќе помогнеш?

Џиновите од шише пиво

Во изминатата деценија двете најголеми компании за пиво имаат потрошено 195 милијарди долари купувајќи пивари низ целиот свет.

Така се бранеше пивото

Чешкиот министер за здравство решил да го вразуми божествениот однос кој неговите сограѓани го имаат кон пивото. И јасно му е дека нема да успее.

Клубовите бараат пиво на англиските стадиони

Неколку англиски фудбалски клубови испратија писмо до претседателот на Фудбалската асоцијација со барање за укинување на забраната за конзумирање алкохол на трибините.

Пива со вкус на книги

Пивата на Rogue Ales (нешто како пива за никаквеци) и до сега биле познати по експериментите со вкусовите на пивата, кои се ноќна мора за ортодоксните пивопии, a радост за останатите. Ама сега решиле во пивото да замешаат и книжевност. Буквално.

Светот ќе остане без чоколадо и кафе

Заради најразлични проблеми, неколку (многу драги) видови храна се на добар пат да засекогаш да исчезнат. Меѓу нив: чоколадо и кафе.

Штета за пивото

Нема е проблем што човекот доби рагби топка во глава. Тој си е во ред и си се смее. Проблемот е што се истурија две пива!

Дали после атомска може да се пие пиво?

Пука атомска бомба во комшиско маало (нека му умре јадрото на комшијата), некако преживуваш, ама, нема вода! А гранапчето полно со пива и разноразни пијачки. Смееш ли да се напиеш или сето тоа е радиоактивно? Нема простор за празни нагаѓања, постои официјална студија за тоа, сосе нуклеарни тестови.

Леб со лук и зачини

Вкусен рецепт за зачинето лепче кое идеално се комбинира со млечен намаз.

Од чашата си патиме

Причината зошто многу и брзо пиете пиво нема никаква врска со тоа колку сте дрчни, туку директно е поврзана со тоа колку ви е заоблена чашата.

Пролетери од сите земји, напијте се

Да обележиме еден важен јубилеј: овие денови навршија точно 168 години од една пијанка. Озбилна, повеќедневна, епска. Тешко дека ќе најдете некоја друга која повеќе го сменила текот на историските настани. Другари и другарки, деновиве пред години во Париз за првпат се среќаваат Карл Маркс и Фридрих Енгелс. И се прават - манифест.

Пиво направено од пиво

Во животот имаш приоритети и имаш пиво. Лесно се наоѓаат нови приоритети.

Да не му отвориш фрижидер на новинар

Што е најлошо што може да се случи за фрижидер со 500 пива да останае празен за помалку од 3 минути? Спортски новинари на европско првенство во фудбал. На оние снимкине на вести од Сомалија кога носат пченица од УСАИД, има повеќе ред и трпение отколку тука.

Чие е тоа пиво?

Текстов може да ви се допадне од три причини: ако сте по фудбалот, ако сте по пивото, или ако сте по добрите анализи на транзициско-глобализацискиот помор на „автентичноста“. На пример на автентичното, „наше“ пиво, кое сега не знаете дали доаѓа од Белгија, Данска или од Боливија.

Макало од пиво и кашкавал

Чекате гости викендов? Испробајте малку поинаков рецепт за макало што ќе го послужите со чипс.