Пиво со вкус на чоколадо, кафе, со цветови од ружа, путер од кикирики со банана, лешници, па дури и со лук - сето ова е веќе видено. Но ниту во оваа пивара, ниту во која и да е друга, никој во пивото не се осмелил да стави - страници од книга! Новиот производ, White Whale Ale (светло пиво Бел кит), содржи неколку искинати листови од „Моби Дик" на Херман Мелвил.
Пивото е направено во чест на сопственикот на голема независна, семејна книжарница од Портланд, Орегон, Мајкл Пауел, кој се одлучил да се занимава со оваа професија кога во некоја кутија со книги случајно го пронашол првото издание на оваа книга. Powel Books одбележува 41-годишнина, а располага со повеќе од еден милион нови и користени книги, кои можат да се купуваат и онлајн.
Листовите се распаднале (или биле исфилтрирани) пред ферментацијата, пред да испуштат вкус на скапана хартија во пивото - вкус (и мирис) типичен за лошо оксидирано пиво.
Не знаеме дали биле директно инспирирани од претходново, но уште една пивара во Балтимор се подготвува да произведе три видови пива инспирирани од делa на Едгар Алан По - Raven Beer, Tell Tale Heart Ale, Pendulum Pilsner и The Cask.
Во 1990. пак пивара од Денвер организираше неколкумина писатели да напишат оригинални пораки на етикетите на пивските шишиња, во чест на отварањето на нова библиотека во градот. Помеѓу нив бил и Курт Вонегат, чиј дедо по мајка бил производител на пиво. Тој донирал раскасче од 160 зборови со наслов „Мерлин", во кој се опишани низата несреќи кои се случуваат откако волшебникот прави магија која ги опремува Витезите од тркалезната маса со машинки Томпсон. Изгледа има доста испиено од пивото на дедо му.