Зачинето лепче

Леб со лук и зачини

Вкусен рецепт за зачинето лепче кое идеално се комбинира со млечен намаз.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 1/4 лажичка жалфија
  • 1/4 лажичка оригано
  • 1 лажичка сув магдонос
  • 50 гр. маргарин
  • 225 гр. брашно
  • 160 мл. минерална газирана вода
  • 3 лажици пиво
  • 1 лажичка масло

Подготовка

Во еден сад додадете ги маргаринот и сите зачини и добро измешајте ги. Покријте го садот и оставете го да одстои еден час.
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во длабок сад измешајте го брашното, минералната вода и пивото. Од смесата замесете тесто.
Поделете го тестото на два дела. Намачкајте едно тавче за печење со малку масло. Поставете го во тавчето половина од тестото.
Намачкајте ја врз него смесата од маргарин со лук и зачини. Одозгора поставете ја втората половина од тестото.
Печете го лепчето во загреана рерна 30 минути додека да добие златно жолта боја.
Послужете го топло во комбинација со макало од павлака.

7 септември 2012 - 07:00