"Пивскиот стомак е комплетен мит. Главниот извор на калории во кој било алкохолен пијалак е алкохолот. Нема ништо магично околу алкохолот во пивото, тоа е само алкохол," објаснува професорот од Универзитетот во Калифорнија Дејвис, Чарлс Бамфорт.
Во текстот објавен во Популар Сајанс, се објаснува дека алкохолот нема некоја тенденција да создава масни наслаги самo во абдоменот, туку тој е само уште една состојка која ги почитува сите правила за калориите.
Бамфорт само додава дека во случај на сериозни проблеми со алкохолот, може да се случи таложење на течности околу абдоменот кои можат да предизвикаат проширување на стомакот, меѓутоа тоа е поврзано со проблеми со црниот дроб.
Едно од главните објаснувања за потеклото на митот е во пакувањето на пивото. Па така додека лименките и чашите за пиво обично се по половина литар, чаша вино е околу 1,4 а чашка жесток пијалак е 0,4 децилитри.