Западните лидери се вчудоневидени зошто Русија веќе не им се плаши како во периодот од Студената војна. А Русија знае дека Запад веќе не е крстоносна алијанса туку дека го зaнимаат главно пари.
Тоа најдобро го знаат тајкуните поврзани со Кремљ. Тие со години ја купуваат Европа, давајќи милиони за луксузни апартмани на лондонскиот Вест Енд или за замоци во Франција. Децата им се безбедни во британските приватни школи, парите им се сигурни во австриските банки или во филијалите на европските даночни оази какви што се холандските Антили или француските Девтсвени острови.
Кремљ веќе не се плаши од евроспкиот естаблишмент. Порано го замислуваше како да е дел од MI6. Сега видел како западните аристократи и корпоративните тајкуни омекнуваат кога на маса ќе им дојдат руските милијарди. Тоа е истата онаа елита која им помага да го сокријат своето богатство.
Во ваквата европска корумпираност, Русија ја гледа американската слабост. Путин верува дека освен Германија, ниедна од ЕУ земјите не води политика без упатства од Вашингтон. А истовремено гледа како Шпанија, Италија или Португалија се тепаат меѓусебе кој повеќе да работи со Русија.
Русија гледа дека САД се збунети и дека украинскиот гамбит е шок за нивната надворешна политика. Тие попрво би зборувале за Кина, или за израелско- палестинските односи а од друга страна, Русија им е потребна за ситуации како Сирија и Иран.
Сето ова го прави Путин самоуверен, дека европските елити се повеќе заинтересирани за парите отколку да му се спротивстават.
Кремљ е сигурен дека ја знае валканата тајна на Европа.
Докази за тоа има во поранешните лидери на Британија, Франција и Германија. Тони Блер го советува контроверзниот режим во Казахстан (а знае да дојде и ако му плати Субрата Рој). Николас Саркози планира да отвори инвестиционен фонд со спорни пари од Катар а Герхард Шредер е на чело на конзорциум кој е во сопственост на рускиот гигант Газпром.
А Крим е идеален за показна вежба. Не е тоа некое џенем место во Јужна Осетија во кое живеат малцинства за кои Русите едвај чуле. Крим е во срцето на рускиот романтизам, омиленото место за одмор на руските цареви, полустров кој сега е дел од Украина само заради хировите на Украинецот Никита Хрушчов.
Путин го знае тоа. Знае дека милиони Руси ќе го слават како херој ако им го врати Крим. А европските бирократи ќе издаваат соопштенија со осуда а потоа ќе му се вратат на бизнисот, на руските милијардери да им продаваат велелепни куќи и замоци.
Тоа е причината зошто Путин го нападна Крим. Затоа што проценил дека нема што да изгуби.