Во експериментот на Универзитетот од Бристол, научниците откриле дека учесниците речиси два пати поспоро пиеле пиво од прави чаши отколку од заоблени. Оваа разлика не постоела кога го пробале експериментот со некој не-алкохолен пијалак.
Како едно од објаснувањата на научниците е дека на испитаниците им било потешко во заоблена чаша правилно да оценат каде е половината и како резултат на ова не можат да проценат колку испиле.
За да го тестираат ова тврдење, на сите испитаници им биле прикажани слики од две чаши со различна количина на пијалак. Најголем број на грешки биле направени кај процените за заоблените чаши.
Дополнително, лицата кои направиле најголема грешка на тестовите, во исто време биле и лица кои најбрзо го пиеле пивото.