Во САД веќе функционира програмата за сертификација на цицерон, а нејзин автор е Реј Даниелс, производител на пиво од Чикаго кој бил разочаран од тоа колку некои барови и ресторани не се разбираат во пиво.
Според сертификацијата има 3 нивоа на цицерон. Почетниот е Цицерон келнер за пиво, кој се добива со онлајн курс, потоа е Сертификуван цицерон, за што пред комисија полагаш тест кој вклучува и консумирање, а највисокиот е Мастер цицерон, кој се добива по тест што трае 5 дена.
Испитите се фокусираат на 4 основни компоненти: чување и служење пиво, вкус и дегустација, процес на правење и состојки, и спојување на пиво и храна.
Целата работа звучи комплицирано, бидејќи е. Само една третина од апликантите успеале да го положат тестот (кај највисокиот степен просекот е уште помал). Според авторот, идејата не е да се направи елитистички систем, туку проблемот е во тоа што пивото не е толку едноставно. До сега само 7 луѓе ја добиле титулата Мастер цицерон, 900 го имаат пројдено регуларниот испит, а околу 27.000 станале сертификувани келнери за пиво.