Макало од пиво и кашкавал

Чекате гости викендов? Испробајте малку поинаков рецепт за макало што ќе го послужите со чипс.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
5 мин.

Вкупно време:
15 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 220 гр. крем сирење
  • 500 гр. кашкавал, рендан
  • 1 лажица сенф
  • 2 лажици хопла
  • 50 мл. пиво
  • 2 главици млад кромид, ситно сецкан
  • 1 чешне лук, испасиран

Подготовка

Додадете ги во блендер крем сирењето, ренданиот кашкавал и хоплата и матете додека да добиете мазна смеса. Потоа додадете го пивото. Продолжете со матење и додадете ги постепено младиот кромид и лукот. Префрлете го макалото во затворен сад и оставете го да отстои во фрижидер најмалку еден час пред да го сервирате.

Макалото послужете го со чипс или брускети.

2 јуни 2012 - 07:00