
Ево Теро е од Аризона и веќе трета година по ред својот месечен пост го посветува на Октоберфест, познатиот германски фестивал на пивото и кобасиците.
Цел месец Теро јаде само тоа и секогаш успева да симне околу 7 килограми, притоа да не си ја наруши крвната слика која редовно ја проверува. Неговиот доктор вели дека во октомври тој најмногу губи сало а холестеролот му паѓа за една третина.
Си одредил неделна доза од 15.000 калории при што пие 6 пива дневно а остататокот енергија го добива од колбаси.
Неговата диета е најнапорна за син му кој во октомври мора да му биде шофер за да не вози тато под дејство на алкохол.