На најголемиот фестивал на пиво во Германија нема да може да биде пуштана една италијанска техно нумера која недолжно стана мета на отстрел само затоа што претходно одлично легна на еден се попопуларен слоган меѓу Германците.
Германците годинава едвај дочекаа да почне Октоберфест кој заради ковидот две години беше под блокада. Иако пивото и месото гарантирано им се свежи, музичката плејлиста многу наликува како да не е апдејтувана од пред пандемијата.
За да ви биде појасен подвигот на келнерките на Октоберфест што мкнат по десет криглишта од по литар и пол, треба да видите како мажишта се снаоѓаат со по една кригла со слична литража (или па пробајте сами).
Годишниот аџилак на милиони луѓе од пивска вероисповест е и еден од настаните кои најмногу загадуваат на планетава, без притоа да се брои кој како стигнал до таму.
Се вика Оливер Струмпфел и минатата недела го сруши рекорд во носење кригли, што сам го постави во 2014. По ново, рекордот е 29 полни кригли со вкупна тежина - 69 килограми.
Надвор од вообичаените принципи за смислување режим на исхрана кој ќе ја намали тежината, човек од Минесота сосема елегантно си ја поправа линијата така што секој октомври е исклучиво на пиво и кобасици.