Како што годинава „die Bierleichen“ (пивските лешеви) се враќаат меѓу живите, така за прв пат беше објавена и анализа на загадувањето од метан што се создава од 16-дневната забава.
Загадувањето го следат истражувачите од Техничкиот Универзитет во Минхен, кои за цело време на Октоберфест (како казнети) кружеле со велосипед околу периметарот на фестивалот и го мереле загадувањето.
Инструментите покажале дека фестивалот испуштил 1.500 килограми метан, што е 10 пати повеќе отколку Бостон во истиот период.
Најголемиот дел од загадувањето со метан според научниците е од протекување и од нецелосно согорување за време на готвењето вурстови и слично за легијата здробени Германци и туристи. Тие стигнале и до бројка дека околу 10% од загадувањето е од ждригање и испуштање гасови од посетителите.
Инаку, метанот, по јаглерод-двооксидот, е вториот најчест стакленичен гас што е создаден од човекова активност. Иако има пократок животен век, тој е далеку поефикасен од јаглерод-двооксидот во затоплување на атмосферата и на него отпаѓа околу 20% од глобалното загадување.
Инспирација за истражувањето е што научниците во изминатите години редовно забележувале скок на нивото на метан во Минхен за време на Октоберфест.
Секоја година над 6 милиони лица го посетуваат Октоберфест, и пијат над 7 милиони литри пиво и 100.000 литри вино, а се јадат половина милион кокошки и 250.000 колбаси.