Чувствителниот тренер ги почести навивачите пиво

И да навивате за четвртолигаш кој е на дното на табелата кој може да испадне еден ранг подолу, во Англија има мала утеха, а за тоа се погрижува тренерот.

Фудбалерите на Торки Јунајтед кои се дел од четвртата англиска лига по 33 кола имаат само 7 победи и се наоѓаат на последното место на табелата. На гости им оди уште полошо и на последните 12 меча успеале да победат само еднаш.

Но во нивниот тежок пат до спасот од испаѓање тие имаат верни навивачи кои на последното гостување патуваа  дури 1.200 километри за да го бодрат својот тим.

Торки Јунајтед продолжи со црната серија и загуби од Хартлпул со 3:0, а со разочараните фанови најмногу сочувствува тренерот Крис Харгривс кој реши на сите 91 лојални навивачи да им купи по едно пиво. 

4 март 2014 - 15:54