Забраната за конзумирање алкохол на трибините за време на фудбалски натпревар беше воведена во 1985-та година, но проблемот е во тоа што оваа забрана важи само за фудбалските навивачи кои се дискриминирани во однос на љубителите на останатите спортови.
Еден гледач на рагби натпревар смее да пие пиво на трибина, а тоа нема да му биде дозволена ако следниот ден на истиот стадион гледа фудбалски натпревар.
„Фудбалските навивачи се третирани поинаку од навивачите на останатите спортови во британското општество. Рестрикциите од 1985-та година не важат за сите спортови, како на пример рагби, крикет, па дури и за Олимписките игри во Лондон. Ние сметаме дека сега е вистински момент за укинување на забраната и треба да им се дозволи на нашите навивачи да можат да го гледаат својот омилен тим додека уживаат во алкохолен пијалок", стои во писмото до Фудбалската асоцијација.
Навивачи на фудбалските натпревари во Англија можат да купат пиво на стадион во подтрибинскиот простор, но не смеат истото да го пијат на трибинита додека седат на своето седиште и гледаат фудбал.