Извесен НЕРДО направил анимација на песната „Пиво" на Буковски, која според него е манифест на авторовиот начин на живот.
„Влегувањето во неговата глава не е безбедно патување, затоа што покажува колку осаменост и декаденција можат да бидат скриени во еден генијален ум", вели придружниот текст.
Видеото користи симболи карактеристични за поезијата на Буковски - неонски реклами, цигари, згради во распад, полароиди, и секако многу, многу алкохол. Песната пак оди отприлика вака:
„Не знам колку шишиња пиво
имам испиено
чекајќи
работите да тргнат на подобро"
За да го чуете остатокот, отворете си едно и пуштете го клипчево..