Како што пишува New York Times, тоа им помага брзо да се опорават од напорните натпреварувања. Пиварата Krombacher како спонзор на Олимписката репрезентација на Германија, во Кореа испратила околу 3.500 литри пиво.
Пиво на сите спортисти им препорачал лично лекарот на тимот во брзо лизгање и професор по спортска медицина на Техничкиот Универзитет во Минхен, Јонас Шер. Во 2009. година тој ја испитувал состојбата на учесниците на Минхенскиот маратон, кои пиеле безалкохолно пиво три недели пред трката и две недели после.
Резултатот: помалку воспаленија и респираторни заболувања отколку другите натпреварувачи кои примиле плацебо. И ова испитување го финансирала пиварска компанија а го публикувале во списанието Medicine & Science in Sports & Exercise.
Професор Шер изјавил дека производителите на безалкохолно пиво на почеток зборувале за напиток за луѓето кои се грижат за сопственото здравје: „Многу компании пробаа да го обединат пивото, особено безалкохолното, со спортот. Но тоа никогаш не беше поткрепено врз научна база“, вели лекарот и додава дека ова пиво има полезен ефект поради висока содржина на полифенол - моќен антиоксидант кои го закрепнува имунитетот.
Шер не им го препишува безалкохолното пиво само на неговите брзи лизгачи од селекцијата. Причината е што поголем дел од германските лизгачи се Баварци и пијат пиво и без препорака.
БЕЗАЛКОХОЛНО ПИВО КАКО ИЗОТОНИК
„Сега имаме докази дека безалкохолно пиво е дејствувачки здрав напиток, а не просто маркетинг на компаниите“, вели Холгер Ејхеле, директор на Здружението на германските пивари. „Во Германија има особен однос кон овој пијалак. На пример компанијата Erdinger го нарече безалкохолното пченично пиво „Изотоник“ (спортски пијалак кој му помага на организмот да се опорави по напорот) и го поврзува ова пиво со слоганот „100% активност“. На минатогодишниот Берлински маратон пиварата разделила околу 30.000 флаши безалкохолно пиво за учесниците.
Другиот гигант, Heineken неодамна ја пуштил безалкохолната марка Heineken 0.0 на продажба во McFit Fitness - најголема фитнес компанија во Германија.
Според Euromonitor International (независна компанија која што анализира илјадници различни роби и услуги во светот), од 2011 до 2016 година, потребата за безалкохолно пиво во Германија пораснала дури до 43% а се смалило побарувањето на алкохолно пиво. Тоа е поврзано и со фактот дека новите технологии го подобриле вкусот и прават разновидни безалкохолни пива.
Денес на германскиот пазар има повеќе од 400 бренда безалкохолни пива. Нивниот успех сериозно влијае на падот на популарноста на специјализираните спортски изотоници па луѓето кои се занимаваат со спорт ги купуваат ови изотоници се помалку.
ШТО ВИКААТ САМИТЕ СПОРТИСТИ?
Биатлонецот Симон Шемп го фали безалкохолното пиво: „Вистина е дека е одличен пијалак. Со задоволство го пијам да се освежам после тренинзите или натпреварите“.
Скијачот Линус Штрасерд додава „дека ова пиво има одличен вкус и дека е корисно за телото. На пример безалкохолното пченично пиво е исто здрав напиток. Тоа е изотоник и затоа е полезен за нас спортистите“.
Во Пјонгчанг Германците досега освоија 24 медали од кои 12 злата! Како награда за одличните резултати и успешни настапи, Krombacher им пратил на спортистите уште 11.000 литри пива - но алкохолно, па „ко воли нек изволи“.