Грегоријанската музика почна да добива на популарност почнувајќи од 1994, кога друга група бенедиктинци од манастирот Санто Доминго де Силос во Шпанија го сними албумот Chant, кој се продаде во скоро шест милиони копии. Но младите членови на Бенедикта (просечната возраст им е 33 години), под водство на отец Касијан Фолсом не го прават ова за слава, туку се надеваат дека луѓето ќе бидат трогнати од убавината и спокојството на музиката што ја изведуваат.
Фолсом, кој студирал музика на Универзитетот Индијана, го формирал неговиот манастирски ред во Рим во 1998. Но во 2000 тие биле поканети да се префрлат во Норча, родното место на Св. Бенедикт, каде немало монаси цели 200 години. Така е формиран не само сегашниот манастир, туку и пивницата, Бира Норча, во која монасите произведуваат пиво според традицијата на нивните браќа - монасите од Трапист, Белгија.
Од 18-те монаси во групата, половина, исто како и Фолсом се Американци, а другата половина се шарена меѓународна група составена од монаси од Бразил, Германија, Индонезија и Канада. Eве ги како звучат, а за поголеми количества од пивото ќе мора да се оди на аџилак до Италија.