На анкетата на Југов, Бад Лајт бил на 14 место зад брендови како Пабст блу рибон, Милер драфт и Милер лајт. Во исто време, споредбата на анкетите од вториот квартал во 2022 и 2023 покажува дека останува ист бројот на луѓето на кои им се допаѓа Бад лајт, на некои си 42%.
Драмата на Бад лајт почна откако компанијата реши да го ангажира Мулвејни за кампањата за Марч меднес, колеџ баскет турнирот. Како дел од кампањата ликот на Мулвејни беше насликан на лименки Бад лајт како прослава на неговиот Тикток серијал 365 дена како девојка, во кои секојдневно опишуваше како се чувствувал по промената на полот.
Кога почнаа првите критики за кампањата, огинот дополнително го разгоре директорката за маркетинг на Бад лајт, која ги критикуваше своите потрошувачи дека немале осет за хумор.
Продажбата на Бад лајт наводно е падната за 30% од минатиот јуни, а според извештајот на Манивоч брендот „не покажува никакви знаци на излегување од дупката“. Фокс пренесува изјава на менаџер на складиште за пијалаци, според кого во деновите пред 4 јули пакет со 30 пива Милер лајт се продавал за 24,99 долари, додека пакет со 30 Бај лајт се продавал за 8,99 долари.