Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 450 гр. лосос
- 2 лажици маслиново масло
- сол и бибер
- 400 гр. сецкани домати
- 1 лажица ситно сецкан кромид
- 1 чешне лук
- сок од еден лимон
- 1/2 лажичка оригано
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Намачкајте го лососот со маслиново масло и зачинете го со сол и бибер. Измешајте ги сецканите домати со маслиново масло, сецкан кромид, сок од лимон и оригано.
Поставете го лососот врз алуминиумска фолија. Врз него истурете ја смесата со доматите, замотајте ја фолијата и преклопете ги краевите.
Печете го лососот во огноотпорно тавче 25 минути.
Извадете го од фолијата и послужете го со гарнир по вкус.