Овие 20 години не се минати затоа што науката околу ГМО лососот е толку тешка, научниците го имаа покриено овој дел (генетските кастомизации за лососот побрзо да крева килажа) уште на почетокот од 90-те.
Тие работат на атлантскиот лосос, еден од најодгледуваните врсти кои речиси го нема во дивина. Научниците прават две промени, прво го земаат генот од хормонот за растење од Чинук (или кралскиот) лосос, најголемата сорта пацифички лососи, и уште толку го засилуваат хормонот со додавање на промотер ген од американски гргеч (Ocean pout lat. Zoarces americanus), риба налик јагула која може да преживее и да расте во води кои се речиси пред замрзнување. Спојката е затоа што хормонот за раст кај лососот обично се гаси во постудените месеци, а токму вториот додаден ген ќе осигури дека првиот никогаш нема да згасне, со што и нема да се прекине неговото растење/товење.
20 годишната процедура прво се должи на тоа што американската влада во тоа време (средина на 90-ти) нема регулатива за тоа како ГМО животни можат да станат храна за луѓе. ФДА е одговорна за ГМО животни, бидејќи нивната првична цел на постоење е да бидат храна за луѓе, а како такви тие можат да предизвикаат алергии кај луѓето, заради што ФДА треба да даде одобрение за користење (исто како за лекови).
Кога е средено со безбедноста на луѓето, на ред доаѓа да се провери безбедноста на околината. Стравот е што ќе се случи ако оваа брзо растечка и брзо јадечка риба избега и почне да се меша со нејзините роднини во дивината. Анализата на организмот, во која во основа се проверува нејзиниот индекс на преживување во дарвинова смисла, покажува дека не ГМО рибите се далеку поуспешни од нивните ГМО верзии, меѓутоа дека и покрај тоа остануваат одредени траги од нивниот ген кои би можеле да се пренесат на следните генерации.
Како решение на ова, Акваадвентиџ (името на новата сорта), добива самица во која не може да се меша со други видови риби. Моментално ФДА дозволува компанијата да одгледува риби само над земја, во базени со свежа вода, сместени високо во планините на Панама (за секој случај надвор од САД). Теоретски од таму рибата ќе треба да преплива илјадници километри за да стигне до северниот Атлантик или Северниот Тихи океан.
Дури и да стигне таму (со што сериозно ќе го заслужи своето право на размножување), рибата не може да се размножува со сличните врсти бидејќи сите риби од новата сорта се направени стерилни. Освен ова сите Акваадвентиџ лососи се женски, со што дополнително се ограничува потенцијалот за нивно размножување.