Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Руски проектили со американски сензори и британски чипови

7 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Володимир Зеленски побара санкции за компании од САД, Британија, Германија и од други земји што ги заобиколуваат санкциите за Русија и ѝ доставуваат делови за муницијата и оружјето со кое ја бие Украина.
  • При масовниот комбиниран удар врз Украина на 5 октомври, Русија употреби 549 оружени системи, кои содржеа 102.785 компоненти произведени во странство - во САД, Кина, Тајван, Британија, Германија, Швајцарија, Јапонија, Јужна Кореја и Холандија. Вкупно 100.688 делови произведени во странство имаше во дроновите, 1.500 во проектилите „искендер“, 122 во „кинџалите“ и 405 во проектилите „калибр“, порача Зеленски.
  • Компании во САД произведуваат конвертори за проектилите Х-101 и дроновите Шахид, како и сензори за дронови и проектили Кинџал. Микроелектроника за руски проектили и дронови обезбедуваат компании во Кина, Тајван, Швајцарија и Британија. Оптоизоларотите за крстосувачките проектили Русија ги добива од Јапонија, а прекинувачите од Германија. Во руското оружје има и процесори произведени во Холандија и сервомотори и лагери од Јужна Кореја.
  • „Украина подготвува нови санкции за оние што ѝ помагаат на Русија и на нејзината војна. Нашите партнери веќе добија детални податоци за компаниите и производите. Клучно е да го прекинат заобиколувањето на санкциите за Русија“, порача Зеленски.
  • Тој претходно истакна дека дроновите што Украина ги користи за напади врз Русија се целосно од домашно производство.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

6

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

8

Со цигари се откажуваат од вејпање

Пороци
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како да познаеш лузер

Ова ли е тоа што филозофите го викаат „кога ќе ти дојде од дупе во глава“?

Првата ноќ на Робин Вилијамс во рајот

Ама, зошто?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy