За љубители на риба

Лосос со сусам

Лесен предлог за летен ручек.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 филети лосос со кожа
  • 25мл. соја сос
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 црвена пиперка, исечена на тенки парчиња
  • 3 главици млад кромид, ситно сецкан
  • 200гр. кафеав ориз, сварен
  • 1 лажичка сусамово масло
  • 1 лажица сусам, потпечен

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете една тава со хартија за печење. Ставете ги филетите лосос во едне сад. Додадете соја сос врз нив, покријте ги и ставете ги во фрижидер 10 минути.
Загрејте 2 лажички маслиново масло во поголема тава на силен оган. Процедете го лососот од маринадата и пржете го по 2 минути од секоја страна. Префрлете го во тавата за печење. Печете го 4-5 минути или додека е зготвен по ваш вкус.
Во меѓувреме загрејте го остатокот од маслото во тава на среден оган. Гответе ги пиперките и кромидот 2-3 минути со мешање. Додадете го сварениот ориз и продолжете со готвење уште 2-3 минути. Тргнете го оризот со зеленчук од оган. Додадете малку соја сос, сусамово масло и потпечен сусам.
Послужете го веднаш со филетите од лосос и свежа салата по желба.
На здравје!

30 јули 2013 - 09:31