Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 кг. компири, излупени и исечени на коцки
- 4 филети лосос
- 4 парчиња пршута
- маслиново масло
- сол и бибер
- 300 гр. чери домати
- 350 гр. зелена боранија
- 130 гр. песто од босилек
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Сварете ги компирите во зовриена вода со сол 10 минути додека да омекнат. Потоа исцедете ги.
Додека се варат компирите замотајте ги филетите лосос со пршута. Поставете ги на плех и зачинете ги со малку маслиново масло, сол и бибер. Печете ги 5 минути. Потоа во плехот додадете ги чери доматите со малку масло и сол. Печете ги уште 5-10 минути додека да се зготви лососот.
Бланширајте ја боранијата во зовриена вода 2 минути. Потоа исплакнете ги во цедилка под млаз студена вода.
Измешајте ги компирите и боранијата со песто сос и сервирајте ги со лосос и домати.
На здравје!