Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
5 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
4-6 лица
Состојки
- 45 гр. ореви
- 30 гр. свеж босилек
- 2 чешниња лук
- 60 гр. рендан пармезан
- 5 лажици маслиново масло
- сол и бибер по вкус
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Поставете ги оревите врз тавче за печење и печете ги во загреаната рерна 5 минути. Потоа оставете ги на страна 10 минути за да се изладат.
Ставете ги оревите, лукот, пармезанот и маслиновото масло во блендер и добро измешајте ги додека да добиете рамномерна смеса. Зачинете со сол и бибер по вкус и измешајте го пестото уште малку.
Послужете го пестото од босилек како макало со крекери или како прелив за тестенини.