Мечките на островот Кодијак на Аљаска обично се хранат со риба на почетокот на летото а брстат бобинки на крајот на ова годишно време. Но, високите температури сè почесто водат до тоа шумските плодови да созреат порано, што ги доведува гризлијата до конфликт на интереси: што попрво?
„Практично, тие се наоѓаат во состојба некој истовремено да им сервирал и појадок и ручек. А после ќе немаат ништо за вечера“ објаснува биолог кој го следи овој не баш наивен феномен.
Таква особено била топлата 2014 година кога било очигледно дека мечките ги нема на реките на вообичаената гозба со лососи кога успеваат да изедат и до 75% од вкупниот рибен фонд.
Ваквиот нивен избор сериозно го нарушува еко-системот бидејќи остатоците од риби вршат фертилизација на земјата во близина на реките.
И не само тоа; затоа што бобинките имаат помалку протеин па за нивно дижестирање е потребна помалку енергија, тие всушност со ваквиот вегетаријански избор побрзо добиваат на тежина.