таг: род

Ѕвездички за родово неутрални именки во германскиот

Дер, ди, дас. Германскиот содржи именки од машки, женски и среден род и ним прилагодени придавки и заменки. Но по одлуката на Хановер да ја прифати „родовата ѕвездичка“ за нивно пишување на родово неутрален начин, едни се скандализирани, а други сметаат дека ова е реален одговор на укинувањето на традиционалните родови идентитети. Повеќе

Родот сепак има биолошка основа

Идејата дека родот нема биолошка основа, туку е културолошки наметнат конструкт, во последно време стана скоро мејнстрим. Поборниците на оваа теорија веруваат дека на децата им е наметната идејата дека, на пример, машките треба да си играат со колички, камиончиња и сл., а девојчињата со кукли. И дека доколку би биле оставени самите на себе, машките и женските дечиња би се однесувале родово идентично. Не ќе да е баш така. Повеќе

Да смениш пол не е исто како да смениш патец

Трансродовите тинејџери понекогаш решаваат да го променат полот. Понекогаш и повеќе од еднаш. Проблемот е во тоа што полот не е фризура па спонтано да се врати во првобитната состојба. Во такви ситуации, да се најде некој зрел во близина и не е така лоша работа. Повеќе

Најконзервативната христијанска заедница во САД издаде родово-неутрално Свето писмо

Јужните баптисти, најголемата протестантска деноминација во САД и истовремено едни од најконзервативната христијанска заедница во оваа земја, со децении проповедаа буквални пристапи кон Библијата. Но нивниот неодамнешен превод покажува дека и кај нив ставовите почнуваат да се менуваат. Повеќе

Ти си ќерко татин син

Ако во Канада роден син или ќерка ти каже дека се чувствува полово обратно а ти кажеш: „Не се глупирај, оди донеси му на тато едно пиво“, ќе останеш не само без пивото туку и без детето. Повеќе

Дали треба да се укине поделбата на машко-женски награди за глума?

Дали има разлика меѓу „доброто“ во добар актер и добра актерка? Ако не, тогаш чуму сите тие родови поделби на наградите, како талентот и вештината за глумење да зависи од анатомијата и хормоните? Некои од големите наградни манифестации почнуваат да ја преиспитуваат оваа концепција.  Повеќе

„Среден пол“ од Џефри Еугенидес
Букбокс читанка

Книгата која ја влечкав со себе на летување и на сите можни патувања од тогаш, со нејзините (скоро) 600 страници oколу празниците веќе ми стежна на совеста. А грижата на совест за непрочитана книга понекогаш е поголема од онаа за непочната диета. Сепак, едното не го исклучува другото - кога ќе ја земете оваа в раце, често ќе заборавате и да јадете. Повеќе

Харвард воведе родово неутрални заменки за своите студенти

Наместо само „тој" (he) и „таа" (she), Харвард и уште неколку американски универзитети воведуваат нешто како „ту" (ze), плус и можност да се користи неутралното „тие" (they) и кога станува збор за едно лице. Сега, при уписот или при каква и друга регистрација на факултетот студентите ќе имаат повеќе опции родово да се декларираат. Повеќе

Психолошката андрогиност како извор на креација
Цело е кога е топтан

Вистински креативните личности психолошки се и машки и женски. Или поточно, ниту машки, ниту женски. Се работи за баланс на стереотипно спротивставени својства кој на оние кои ќе успеат да го постигнат им овозможува оригинален и инспиративен светоглед. Повеќе