Центарот за истражување на читањето, кој е поврзан со одделението за експериментална психологија на Универзитетот во Гент, Белгија, анализирал 500,000 резултати од еден онлајн лингвистички текст, кој се фокусира на родови разлики. Тестот, достапен тука, од вас бара само да кликнете на Ф ако зборот кој ви се појавува на екранот не ви е познат, и Ј ако ви е познат. Некои се реални зборови а други чисти измислици. Потоа ве известува за процентите на погодени и утнати. При регистрацијата од вас се бара само да наведете возраст, пол и дали англискиот ви е мајчин.
Спомнатото истражување покажало дека кај некои зборови постои голем јаз помеѓу процените на мажи и жени кои кликнале дека знаат одреден (постоечки) збор. Еве ги oние кај кои се појавила најголема разлика во процентите во корист на мажите:
codec (88, 48)
solenoid (87, 54)
golem (89, 56)
mach (93, 63)
humvee (88, 58)
claymore (87, 58)
scimitar (86, 58)
kevlar (93, 65)
paladin (93, 66)
bolshevism (85, 60)
biped (86, 61)
dreadnought (90, 66)
А ова се зборовите кои жените ги знаеле повеќе од мажите:
taffeta (48, 87)
tresses (61, 93)
bottlebrush (58, 89)
flouncy (55, 86)
mascarpone (60, 90)
decoupage (56, 86)
progesterone (63, 92)
wisteria (61, 89) - на сликата, вид јоргован
taupe (66, 93)
flouncing (67, 94)
peony (70, 96)
bodice (71, 96)
За да ви биде поинтересно, ќе ве оставиме да се помачите да си го побарате значењето на зборовите кои не ги знаете, бидејќи така тие најдобро се учат. Она што е јасно е дека „машките" зборови се концентрираат на транспорт, оружје и на наука, а „женските" на мода, уметност и растенија. Секако, за да бидат сосема релевантни овие резултати треба да бидат применети во ограничен социо-економски контекст, а разликата помеѓу оние кои зборуваат англиски како мајчин и оние другите да биде статистички јасна. И покрај сите овие резерви, тестот е интересен, ако ништо друго да видите дали разликувате измислени од реални зборови. А некои од првите баш супер звучат.